Магаре Сафари


МАГАРЕ САФАРИ

Тргнување од хотелот по појадокот.

Програмата ќе се реализира во Охридското село Куратица оддалечено окоу 20 км од Охрид. Ова е неверојатна можност  да се запознаете со начинот на живот на селото, нивните обичаи, фолклор, да вкусите традиционални јадења послужени на традиционален начин и истовремено да уживате во живописната природа на планината Плакенска.

Се прави прошетка и јавање на магаре до изворите на кои се изградени валајци- систем за природно перење алишта, како и прошетка низ самото село каде ќе имате можност да вкусите стари Македонски специјалитети како ѓомлезе, питулици, ајвар, пинџур, домашен леб од фурна,сирење, јогурт и сето тоа од домашно производство.

Ќе понесете неверојатни искуства.

По завршување на програмата враќање во хотелот.

Find Us on

facebook twitter rss

ribbon
WRONG_WOEID WRONG_WOEID
top