ТУРЦИЈА ЛЕТО

 

ГРЦИЈА ЛЕТО

 

 

 

ЦРНА ГОРА ЛЕТО

 

 

АЛБАНИЈА ЛЕТО

 

 

 



Скопје е главен град и најголем град на Република Македонија со околу една третина од вкупното население. Тоj е политички, културни, економски и научен центар на земјата. Во римскиот период познат е под името Скупи.

Територијата на Скопје е населена уште од 4000 п.н.е. Остатоци од неолитските населби се наоѓаат во рамките на старата тврдина Кале што гледа на модерниот центар на градот. Во пресрет на 1 век од н.е, населбата била окупирана од страна на Римјаните и станува воен логор. Кога Римската империја била поделена на Источна и Западна, во 395 н.е, Скупи доаѓа под византиска власт од Цариград. Во текот на поголемиот дел од почетокот на средновековниот период, градот бил оспорен меѓу Византијците и Бугарското царство. Од 1282 градот бил дел од Српското царство и негов главен град од 1346. Во 1392 градот бил освоен од страна на отоманските Турци при што градот го добива името Ушкуп. Градот останал под отоманска контрола повеќе од 500 години. Во тоа време градот бил познат по својата ориентална архитектура. Во 1912 година градот бил освоен од страна на Кралството Србија за време на Балканските и по Првата светска војна градот стана дел од новоформираното Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (Кралство Југославија). Во 1944 година станува главен град на Демократска Македонија (подоцна СР Македонија), која беше федерална држава, дел од Демократска Федеративна Југославија (подоцна Социјалистичка Федеративна Република Југославија). Градот се развива брзо по Втората светска војна, но овој тренд беше прекинат во 1963 година, кога беше погоден од катастрофален земјотрес. Во 1991година тој стана главен град на независна Македонија.

Скопје се наоѓа на горниот тек на реката Вардар и се наоѓа на главната балканска рута, север-југ, меѓу Белград и Атина. Тој е центар за металопреработувачката, хемиската индустрија, дрвната, текстилната, кожарската, и печатарската индустрија. Индустрискиот развој на градот беше проследен со развој на трговијата, логистика и банкарскиот сектор, како и акцент на областите на културата и спортот. Според последниот официјален попис, Скопје има население од 600,000 жители.

TOUR PACKAGES

SCUBA DIVING

 

 

top